Фудбалскиот клуб Беласица е еден од најорганизираните клубови во државата, со стадион кој ги задоволува стандардите на Фифа и Уефа со околу 30-тина простории, главен терен со прекрасни трибини (едната покриена) со капацитет од 6,000 гледачи, и 3 помошни терени.
Клубот е формиран 1922 година. Има забележителни успеси и настапи во втората лига на СФРЈ, два пати вице-шампион на Македонија, освојувачи на младинскиот куп 1993 година, и 2006 година (4 пати во Финале). Од сезоната 2006-2007 настапува во втората македонска фудбалска лига.